По неуспехот со Неимар, Реал тргна по Герет Беил

Од:

Новиот спортски директор на Реал Зинедин Зидан ќе се обиде со понуда од 70 милиони евра да го доведе во Мадрид најдобриот играч на Тотенхем, Герет Беил.

Според англискиот „Дејли Стар“, Реал е подготвен за Беил да му плати на Тотенхем двојно повеќе од отштетата што ја исплати минатото лето за Лука Модриќ.

Беил во почетокот на годинава велеше дека планира да остане на „Вајт Харт Лејн“, а Тотенхем му ја зголеми платата од 5,5 на 7,5 милиони евра по сезона. Но, неговиот менаџер Џонатан Барнет за шпанска „Марка“ изјави дека се подготвени да ја слушнат понудата од Реал.

– Би ни било чест да добиеме понуда од Реал, но Бејл има договор со Тотенхем уште три години, истакна Барнет.

Намерата на Реал да го доведе Беил на „Сантијаго Бернабеу“ се поврзува со последниот трансфер на бразилецот Неимар во Барселона, за кого беше заинтересиран и кралскиот клуб. Изгубената битка со каталонскиот ривал, Реал сака да ја компензира со големо и звучно зсилување, а првиот избор е Герет Беил, пишува „Дејли Стар“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска