По бод за Леванте и Хетафе

Од:

Без победник со резултат 1:1 заврши последниот натпревар од 14.коло во Шпанското фудбалско првенство одигран синоќа во Валенсија меѓу Леванте и Хетафе.

Карим Абдул Јода донесе водство за Хетафе во 56. минута, а конечниот резултат го постави Рафаел Мартинс во 71. минута.

И двете екипи се наоѓаат во втората половина на табелата. Леванте е на 15. место со 13 бодови, три места погоре е Хетафе со 15 бодови.

На првиот вчерашен дуел Еибар – Алмерија 5:2.

Претходно се одиграа другите натпревари од овој круг: Елче – Атлетико Мадрид 0:2, Атлетик Билбао – Кордоба 0:1, Реал Мадрид – Селта 3:0, Ла Коруња – Малага 0:1, Рајо Ваљекано – Севиља 0:1, Барселона – Еспањол 5:1, Виљареал – Сосиедад 4:0 и Гранада – Валенсија 1:1.

Табела: Реал Мадрид 36 бодови, Барселона 34, Атлетико Мадрид 32, Севиља 29, Валенсија 25,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска