Лидерот Шкупи ја забележа шестата првенствена победа во серија, откако попладневно на стадионот во Чаир со убедливо 5-0 (3-0) ја совлада штипска Брегалница во воведниот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Двоен стрелец во триумфот на составот на Гоце Седлоски беше Цветановски (8 минута, 61), а по еден гол постигнаа интернационалците Рватубаје (30), Адетуњи (40) и Алварез (64).
Шкупи е на чело на табелата со 29 бодови, осум бодови повеќе од Ренова на второто и Академија Пандев на третото место, кои имаат натпревар помалку.
Колото ќе биде комплетирано со утрешните пет дуели меѓу Борец – Работнички, Скопје – Ренова, Пелистер – Македонија ЃП, Шкендија – Тиквеш и Струга – Академија Пандев.