Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во штипскиот регион

Од:

Во штипскиот регион нема опасност од поплави. Во текот на ноќта е намален водостојот на реката Брегалница. Околу два метра и 30 сантимерти беше водостојот, а во моментов е намален за 40 или водата во реката Брегалница е под два метра.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека нема опасност и од поплавување на бунарите, од кои градот се снабдува со вода за пиење. Синоќа екипите на штипските јавни претпријатија ја следеа состојбата со реката Брегалница и дали ќе има потреба од заштита на објекти со вреќи со песок.

Водостојот не се зголеми и поради врнежите од снег, кои интензивно паѓаше во текот на ноќта. Јорданов вели дека проблеми со улиците немаат, граѓаните возат по чисти коловози. Рано утринава жители на село Селце побарале помош за отсртанување на снежните наноси и интервенција на патот, од страна на ЈП Македонија пат е излезено на терен.

Би можело да ве интересира

Локализиран пожарот кој избувна во штипската населба Пребег

Горан Наумовски

Два пожари на штипските гробишта, ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип апелираат граѓаните да бидат претпазливи

Штип бара поддршка од воздух за гаснење на пожарите

Пожар во куќа во центарот на Штип

МВР со детали за несреќата во Штип

Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Горан Наумовски