Пливачот Чепишевски стартуваше со рекорд на Летната Универзијада во Гвангжу

Од:

Македонскиот пливач Горазд Чепишевски во трката на 100 метри грбно на Летната Универзијада постави нов рекорд откако патеката ја исплива за 59.72 секунди и го подобри сопствениот рекорд поставен на претходната Универзијада во Казан.

Во својата дисциплина тој заврши на 36. место во конкуренција на 48 пливачи. Чепишевски беше и знаменосец на Свеченото отворање.

Настап имаше и пливачот Мартин Стефановски, кој во дисциплината 50 метри пеперутка оствари време од 26.68 секунди и постигнатото време е послаб резултат од неговото најдобро постигнување – 26.10 секунди. Стефановски го освои 48. место во конкуренција на 63 пливачи.

Чепишевски ќе настапи уште во трките на 50 и 200 метри грбно, а Стефановски на 50 метри слободно.

Македонија на Универзијадата ќе ја претставува и натурализираната Хрватка, Петра Матијашевиќ во таеквондо.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска