Пливачки маратон во езерото Козјак

Од:

Во вештачкото езеро Козјак денеска првпат се пливаше маратон од 10 километри во рамки на првата манифестација „Македонски куп во далечинско пливање-Козјак маратон 2013“, што го организираа ЈП „Јасен“ и Пливачката федерација на Македонија.

Учествуваа 52 натпреварувачи во три дисциплини – на 2,5, пет и на 10 километри, а целта беше брегот кај село Близанско. Маратонот од десет километри е и можност за да се достигне олимписката норма и да се учествува на ЛОИ во Бразил идната година.

Маратонот на акумулацијата го отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која искажа задоволство што има ентузијасти кои и на езерото Козјак воведуваат спортска манифестација и очекува таа да стане традиционална.

– Ова може да се смета и како мал придонес во одбележувањето на Денот на независноста, кој оваа година се прославува во духот на спортот, рече Јанкулоска.

Победниците од трките за пливачи ќе добијат пехари, одличја и парични награди во вкупна вредност од 300.000 денари.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска