Пливачката Богдановски уште еднаш ја потврди Б нормата за Рио

Од:

Македонската пливачка Анастасија Богдановски уште еднаш за десетина дена успева да исплива резултат во рамките на Б нормата за Олимписките игри во Рио. Таа денеска на ФИНА Светскиот куп во Москва во дисциплината 200 метри слободно имаше време 2:02.33 минути (нормата е 2:03.13) и го освои 17.место во конкуренција на 26 пливачки. Најдобро време во оваа дисциплина имаше Мелани Маргалис од САД 1:59.31 минута.

Во дисциплината 50 метри слободно Богдановски исплива време 26.47 секунди и беше за 13 стотинки послабо од македонскиот рекорд (нејзина сопственост). Таа го освои 15.место во конкуренција на 25 пливачки. Прва беше Отесен од Данска со време 25.01 секунди.

Марко Блажевски пливаше во трката на 200 метри градно и го освои 19.место во конкуренција на 28 пливачи. Тој имаше време 2:18.81 минути, додека најдобро време постигна Американецот Финк 2:11.34.

Блажевски попладнево ќе плива и во трката на 400 метри мешано.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска