Македонската пливачка Анастасија Богдановски успеа да исплива норма за Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Таа на 200 метри слободно на митингот од Про-свим серијата во САД победи во својата трка (Д финале) со време 2:02.24 минути. Во квалификациите Богдановски имаше време 2:03.69, а нормата за Олимписките игри е 2:03.13 минути.
На митингот настапува и Марко Блажевски кој пливаше во дисциплината 400 метри мешано. Во квалификациите Блажевски имаше време од 4:28.60 минути, додека во Б финалето исплива 4:32.00 минути. Нормата во оваа дисциплина е 4:25.69 минути.
Македонските пливачи ќе имаат уште настапи и во деновите од викендот: Богдановски ќе плива 50 и 100 метри слободно, додека Блажевски ќе плива 200 метри градно и 200 метри мешано.