Марко Блажевски и Анастасија Богдановски ќе настапат на Светското првенство во пливање во Казан, Русија. Тие ќе бидат единствените Македонци на ова натпреварување.
– Настапите и подготовките во овој период за двајцата Македонци беа доста успешни што се должи со исполнети норми за настап на Светското првенство во Казан, Русија. Веднаш по СП, Блажевски и Богдановска ќе настапат и на Светскиот куп во Москва, изјави Боро Блажевски, тренерот на македонските пливачи.
Олимписките стипендисти на МОК во пресрет на следните натпреварувања имаа подготовки и натпревари во САД.