Планинска тура на Шар Планина, со кампување во областа Лешница под мотото „Испоти се во природа“ организира денеска и утре здружението I love hiking со поддршка на Алвоген О.Р.С.
Турата е отворена за сите кои сакаат да поминат викенд надвор од градскиот асфалт и да уживаат во убавините на Шар Планина.
Претходно веќе се одржаа две од вкупно четири планирани тури – кампинг-акцијата Рудока на падините на Шар Планина и кампингот на Големото Езеро на Пелистер.
Целта, како што информираат организаторите, е да се поттикнат што е можно поголем број луѓе да излезат и да уживаат во природа, особено што ваквите физички активности се корисни во време кога сè уште се соочуваме со кризата предизвикана од корона вирусот.
Според организаторите иако се работи за планинарски тури кои се лесни, летно време при ваков тип физичка активност може да дојде до дехидрирање на организмот, па за таа цел, овие настани се поддржани од Алвоген кој обезбеди електролити Алвоген О.Р.С. за сите учесници на настаните.
Повеќе детали за планинарските тури се достапни на Фејсбук страницата на I love hiking.