Планинарот Тошо Антов избран за спортист на Кочани за 2018 година

Од:

Планинарот Тошо Антов, член на планинарскиот спортски клуб „Осогово“ е избран за спортист на Кочани за 2018 година на изборот што го организираше локалната самоуправа.

Едногласно, со максимален број бодови од претставниците на Асоцијацијата на новинарите и од Сојузот на спортови од Кочани, по долгогодишна доминација на каратистите, првпат еден планинар го добива највисокото спортско признание на општината.

-Признанието за Антов е сосема заслужено со оглед што тој и како планинар и како претседател на ПСК „Осогово“ во изминатиот период постигна забележителни резултати, меѓу кои искачувањето на врвовите Килиманџаро, Елбрус и Фуџи, како и на највисоките планински точки во Норвешка, Италија, Словенија и на Балканот. Освен тоа, стана прв лиценциран планински водич во општината и координатор за маркирање на источната трансферзала. Клубот што тој го предводи, во 2018 година трет пат по ред беше прогласен за најуспешен од страна на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а прв пат беше добиена и стипендија за млад надежен планинар од страна на Агенцијата за млади и спорт, истакна Голубина Георгиева од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

За најдобар млад спортист – спортска надеж, е избрана десетгодишната Јована Давиткова, членка на шаховскиот клуб „Кочани“ која лани стана шампион на Македонија во својата возрасна категорија во женска конкуренција и ја претставуваше државата на Европското младинско шаховско првенство во Латвија.

Признанието за најдобра спортска екипа за минатата година ќе му припадне на кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“, кој по долгогодишната стагнација на кошарката во Кочани, успеа да влезе во Втората македонска лига.

За најдобар тренер е избран Николче Колев од клубот за гимнастички спортови „Кочани“, додека Благој Каров, кој долги години е поврзан со гимнастиката, е најдобар спортски работник за 2018 година.

Врачувањето на наградите и признанијата за најуспешните во спортот во Кочани за минатата година ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ