ПК Бета учествуваше на меѓународно натпреварување во Словенија

Од:

Пливачите од клубот Бета викендот учествуваа на меѓународниот пливачки митинг „Стар“ кој се одржа во Крањ, Словенија каде успеаја да се вратат со медали и нов национален рекорд.

Љупчо Ангеловски постави нов македонски рекорд во дисциплината 50 метри слободно со време 24,13 секунди а го подобри долгогодишниот рекорд на пливачот Мартин Стефановски за 20 стотинки (24,33 секунди). Покрај освоениот бронзен медал, тој избори финале во дисциплините 50 метри делфин, 50 метри слободно и 100 метри слободно.

Давор Петровски освои трето место во дисциплината 400 метри слободно, второ место во дисциплината 200 метри делфин и трето место во дисциплината 200 метри мешано, а успеа да се избори за финале во дисциплините 200 метри делфин, 100 метри делфин и 200 метри мешано.

Мартин Тодоровски успеа да се избори за финале во дисциплината 200 метри слободно.

Андреј Стојановски прво место во дисциплините 50 метри градно, 200 метри градно и 200 метри мешано и второ место во дисциплината 100 метри градно.

Стефан Цветкоски трето место во дисциплините 50 метри грбно и 50 метри делфин.

Јана Ангеловска трето место во дисциплините 50 метри слободно и 100 метри слободно и прво место во дисциплината 50 метри делфин.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска