Пливачите на клубот Бета викендот имаа настап на четири меѓународните натпревари: „Ниобеиа“ во Кавала, Грција, „Гран При 11-ти Април“ и „Пливко“ во Белград, Србија како и на силниот „Пливачки куп Ајндховен“ во Холандија.
На пливачкиот натпревар во Кавала, Ана Јаневска постави нов сениорски рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 29,29 секунди каде во финале го подобри своето време 29,22 секунди со што освои сребро во финалните трки и воедно успеа да се избори за финале во дисциплините 100 метри слободно и 50 метри слободно каде освои бронзен медал.
Давор Петровски успеа да се избори за финале во дисциплините 100 метри слободно, 200 метри делфин и 200 метри мешано.
На пливачкиот натпревар „Пливко“ во Белград Бета освои 17 медали и тоа:
– Јана Милковска прво место 400 метри слободно, прво место 100 метри слободно, прво место 50 метри грбно и прво место 200 метри мешано.
– Ива Китановиќ второ место 50 метри делфин,прво место 100 метри слободно, прво место 200 метри слободно и прво место 50 метри слободно;
– Ивана Неделкоска трето место 100 метри грбно,второ место 50 метри грбно и второ место 200 метри грбно;
– Јован Јанковски трето место 100 метри слободно и второ место 50 метри грбно;
– Мартин Стефановски прво место 50 метри делфин, второ место 100 метри слободно и прво место 50 метри слободно.
На пливачкиот натпревар „Гран При 11-ти Април“ во Белград, Бета стигна до три медали:
– Миа Блажевска Еминова второ место 50 метри делфин во категорија и трето место во Б финале;
– Стојановски Андреј трето место 200 метри градно.
Ангеловски Љупчо на силниот натпревар “Пливачки куп Ајндховен“ Холандија ги исплива следните времиња:
– 50 метри слободно 25,02 секунди;
– 50 метри делфин 26,20 секунди;
– 100 метри слободно 55,36 секунди.