Клубот Бета викендот успешно го организираше петтиот меѓународен пливачки натпревар „13 Ноември” на кој настапија преку 300 пливачи од вкупно 12 земји и тоа: Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Ирска, Чешка, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Грција.
Домаинот на турнирот беше најуспешен клуб со освоени 85 медали од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени медали.
За најдобри пливачи беа прогласени Иван Ленџер (Србија) и Тјаша Возел (Словенија).
За одбележување се шесте македонски рекорди кои ги поставија пливачите на Бета:
– Ана Јаневска постави нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,61 секунди
– Миа Блажевска Еминова постави пет нови рекорди за постари пионери во дисциплините:
100 метри слободно со време 01.01,34 минути каде го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01.01,50 минути;
50 метри делфин го подобри рекордот со време 31,36 секунди;
100 метри мешано со време 1.11,72 минути;
50 метри грбно со време 33,09 секунди;
50 метри слободно со време 28,36 секунди.