Андреа Пирло, поради повреда ќе го пропушти реванш натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Јувентус, во осминафиналето од Лигата на шампионите, пренесуваат италијанските медиуми.
Искусниот играч од средниот ред, се здоби со повреда токму на првиот дуел со „Милионерите’’ од Дортмунд, кој Јувентус го доби со 2:1 пред својата публика. Тогаш од клубот најавија дека Пирло ќе паузира максимум три седмици, но очигледно дека прогнозите биле премногу оптимистички.
Како што информираше „Газета дело Спорт’’, ветеранот Пирло го пропуштил денешниот тренинг со Јувентус.
Реванш натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Јувентус ќе се игра во среда (20 часот и 45 минути), за кога е закажан и дуелот Барселона – Манчестер Сити (2:1 прв натпревар). Утре на програмата се средбите, Монако – Арсенал (3:1) и Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (0:1), по кои ќе бида познати сите учесници во четврт-финалната рунда од Лигата на шампионите.
Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија: Реал Мадрид, Порто, П.С.Ж. и Баерн Минхен.