Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Андреа Пирло во пресрет на финалето на Лигата на шампионите фаворитската улога ја препушта на Барселона, но потенцира дека и неговиот тим има адути.
– Барселона е фаворит. Но да не заборавиме дека финалето е само еден натпревар на кој може сѐ да се случи. Ние знаеме што треба да направиме за да ги сопреме нивните атаци. Не случајно сме стигнале до тука, а верувам во уште едно квалитетно наше издание и убеден сум дека може да го освоиме трофејот, изјави Пирло.
Пирло досега има два трофеи од Лигата на Шампионите, и двата ги освоил со Милан.
Завршниот дуел од елитното натпреварување ќе се одигра в сабота на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.