Пионерите и кадетите на РК Вардар учествуваа на турнир во Белград

Од:

Пионерската и кадетската селекција на Вардар се пласираа меѓу најдобрите пет екипи на турнирот „Belgrade Handball Challenge“, што од 24 до 27 август се одржа во Белград, Србија.

Пионерите на Вардар (генерација 2002) предводени од Андријана се пласираа на 5. место, откако ја победија екипата на Војводина со 17-16.
На првиот ден од турнирот пионерите стартуваа со победа против екипата на Рудар со 16-15, а потоа изгубија од Партизан со 17-19. Во групната фаза од натпреварите, изгубија од екипата на Дубрава со 15-19, а убедливо подобри беа од момчињата од Павлеки и славеа со 29-14. Во разигрувањето за пласман го победија Медвешчак со 20-15.

Кадетската екипа, која годинава настапува со подновен состав, се пласираше на 4 место. Избраниците на Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски се натпреваруваа во категоријата родени 2000 година, а во групната фаза имаа ривали од Србија и од Хрватска. Во натпреварот за 3. место не успеаја да ги победат момчињата од Раковица, кои беа подобри од нас со 30-24. Во полуфиналето изгубија од Дубрава со 32-24.
Во групната фаза вардарци беа подобри од Синѓелиќ со 17-16, и Партизан со 24-21. После поразот од Војводина со 16-20, го совладаа Медвешчак до 25-16.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ