Ова беше една од најлошите ноќи во мојот живот. На ваков начин, двапати за само една недела никој не не надиграл. Се најдовме една непријатна ситуација и покрај тоа што во првото полувреме имавме шанса да постигнеме гол. И Меси да беше во тимот немаше многу да ни помогне.
Сепак противникот беше пресилен и потполно заслужено оди во финалето, истакна дефанзивецот на Барселона Џерар Пике по синоќешниот пораз од Баерн.
Барселона синоќа во реванш-полуфиналната средба од Лигата на шампионите загуби од германскиот претставник со 3:0 и со вкупни 7:0 е елиминирана од борбата за трофејот.
Баерн во финалето на 25 мај на „Вембли“ во Лондон ќе игра против Борусија Дортмунд која беше поуспешна од Реал Мадрид, во другата полуфинална германско-шпанска пресметка.