Петровски постави нов рекорд на 100 метри градно

Од:

Македонскиот пливач Дамјан Петровски на меѓународниот пливачки натпревар „Бриз” кој се одржа викендот во Бургас, Бугарија постави нов сениорски државен рекорд во дисциплината 100 метри градно со време 1.04,07 минути со што го подобри неговиот стар рекорд за пет стотинки.

Со постигнатиот резултат Петровски успеа да фати норма за Европското првенство на мали базени во Израел 2016.

Воедно во дисциплините 50 метри делфин освои сребрен медал, второ место, во дисциплината 100 метри градно бронзен медал, трето место, во дисциплината 50 метри градно бронзен медал, трето место и во дисциплината 100 метри делфин бронзен медал, трето место.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска