Пет медали за ПК Бета на турнир во Бања Лука

Од:

На силниот меѓународен плчивачки митинг „22.ри Април“ во Бања Лука, членовите на пливачкиот клуб Бета освоија пет медали.

Најуспешни македонски пливачи беа:

– Љупчо Ангеловски второ место (сребрен медал) во дисциплината 50 метри грбно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 50 метри делфин.

– Марко Бејатовиќ трето место (бронзен медал) во дисциплината 500 метри грбно.

– Андреј Стојановски второ место (сребрен медал) во дисциплината 800 метри слободно и трето место (бронзен медал) во дисциплината 1500 метри слободно, а успеа да се избори за финале во силна апсолутна категорија во дисциплината 400 метри мешано и 800 метри слободно.

Нашите јуниори ги дела неколку стотинки за да влезат во финалињата во апсолутна категорија.

На овој митинг во Босна и Херцеговина учествуваа 550 пливачи од 8 земји и вкупно 63 клубови. Тие се бореа за постигнување на норми за Светското првенство во Казан 2015 и Олимписките игри во Рио 2016.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска