На Светскто првенство во спортови на вода што се одржува во Будимпешта на петтиот ден од пливачките дисциплини беа поделени пет комплети медали.
Во трката на 100 метри слободно кај мажите двојна победа за Американците. Златниот медал го освои Ремел Дресел со време 47.17 секунди, пред Нејтан Адриан, додека бронзата му припадна на Французинот Мехди Метела.
На 200 метри мешано кај мажите првото место со време 1:55.56 минута го освои Кејс Калиш од САД, пред Јапонецот Косуке Хагино и Пун Ванг од Кина.
Во дисциплината 50 метри грбно прва исплива Етиен Медеирош од Бразил со време 27.14 секунди. Втора со стотинка заостанување стигна Јуанхуи Фу од Кина, а трета е Александра Херасимениа од Белорусија.
На 200 метри пеперутка стил кај жените златото го освои Мирела Белмонте од Шпанија со резултат – 2:05.26 минути, „сребрена“ стана Франциска Хентке од Германија, а бронзата ја освои Катинка Хосу од Унгарија.
Во трката на женските штафети на 4 х 200 метри слободно златото за Американките, пред селекцијата на Кина, а третото место го освои Австралија.