Перу трет на „Копа Америка“

Од:

Репрезентацијата на Перу го освои третото место на „Копа Америка“ откако ноќеска го победи Парагвај со 2:0. Перуанците кои двапати биле шампиони на ова натпреварување, по осми пат успеваат да го освојат третото место.

Двата гола беа постигнати во вториот дел. Најпрвин Андре Кариљо во 48.минута донесе водство од 1:0, а конечните 2:0 ги постави Паоло Гуереро во 89.минута. Ова за Гуереро беше гол број 4 на шампионатот и се изедначи на листата на стрелците со лидерот Едуардо Варгас од Чиле.

Вечерва на Националниот стадион во Сантијаго во финалето ќе играат домаќинот Чиле и Аргентина.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска