Перез: Роналдо останува во Реал

Од:

Првиот човек на Реал Мадрид, претседателот Флорентино Перез им упати порака на навивачите на „кралскиот клуб“ да не се грижат околу иднината на Кристијано Роналдо и дека таа е поврзана со неговиот сегашен клуб.

– Роналдо останува во Мадрид и ние ќе платиме колку што е потребно за продолжување на неговиот договор. Кристијано е наш лидер во победите. Со него во составот верувам во продолжување на успешните резултати во Лигата на шампионите, како и во „Копа дел Реј“, изјави Перез.

Оваа изјава на Перез доаѓа по неколку месечните шпекулации дека Роналдо по истекот на договорот ќе го напушти Реал, а во прилог на тоа одеше и изјавата на Португалецот дека во Реал не е среќен.

Роналдо има актуелен договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната 2014/15.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска