Перез: Лажат за долгот на Реал

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги демантира наводите објавени во шпанските медиуми според кои „кралскиот клуб“ има долгови во висина од 602 милиони евра.

– Нашиот долг е 72 милиони евра и работиме на тоа да го намалиме. Некои луѓе сакаат да ни наштетат и поради тоа пласираа такви невистини, изјави Перез.

Првиот човек на актуелниот европски првак додаде дека тој и сите негови соработници биле зачудени кога ја прочитале веста за наводниот долг од преку 600 милиони евра.

Реал Мадрид изминативе две години потроши стотици милиони евра на нови играчи ангажирајќи ги Герет Бејл, Хамес Родригез, Тони Крос, Кејлор Навас, а во своите редови го има и најскапиот светски фудбалер Кристијано Роналдо.

Сепак шпанскиот фудбалски гигант оствари и заработка на трансфер пазарот продавајќи квалитетни играчи какви што се Месут Озил, Анхел Ди Марија, Чаби Алонсо,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска