Перез го ангажира Иларменди и најави уште засилувања

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез денеска изјави дека на „Сантијаго Бернабеу“ покрај Асиер Илараменди кој дојде од Сосиедад, ќе пристигнат и други засилувања.

– Во Реал доаѓа бисерот на шпанскиот фудбал. Тој е еден од најдобрите играчи на нашата млада репрезентација. Но, ние нема да застанеме тука. Ќе ангажираме и други фудбалери и ќе продолжиме да ја градиме екипата настојувајќи да играме атрактивен фудбал. Имам првични разговори со играчи кои може да ни донесат нови трофеи, истакна Перез.

Како што информираат шпанските медиуми, Реал за трансферот на Илараменди издвоил 39 милиони евра.

23-годишниот шпански младински репрезентативец потпиша шестгодишен договор со „Кралскиот клуб“.

-Ова не беше лесна одлука затоа што Сосиедад ми даде многу. Разделбата со нив е тежок момент во мојот живот. Сепак од Реал Мадрид добив понуда која не можев да ја одбијам. Таква шанса се добива еднаш во кариерата, е коментарот на Илараменди по официјализирањето на трансферот во Реал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска