Повредата на Давид Силва во првото полувреме е главната причина поради која Манчестер Сити не можеше да ја наметне својата игра во дуелот со Реал Мадрид кој забрши без голови 0:0, смета тренерот на англискиот клуб Мануел Пелегрини.
„Се обидовме да ја наметнеме нашата игра и да создадеме шанса за гол, но по повредата на Силва и неговото излегување ја загубивме битката на средината на теренот. Кога веќе не можевме да победиме, 0:0 и не е така лош резултат. Во Мадрид ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра“, изјави Пелегрини по натпреварот.
Аргентинскиот тренер додаде дека тешко е да се верува дека Силва ќе биде подгготвен да игра на реванш натпреварот во Мадрид, имајќи ја предвид сериозноста на повредата, како и краткиот период за рехабилитација од само седум дена.