Пехарот од „Кралскиот куп“ останува во Мадрид

Од:

Екипите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид ќе го одиграат финалето на „Кралскиот куп“. За една од двете екипи ова ќе биде заокружување на сезоната со пехар, откако и двете беа во сенка на Барселона во Примера.

Мала предност во финалето ќе има Реал Мадрид поради настапот на својот стадион, но капацитетот на трибините е рамноправно поделен.

Атлетико ќе треба да игра и против традицијата, бидејќи долг период немаат победа над градскиот ривал, кој пак оваа сезона нема пораз на домашен терен во сите натпреварувања.

Реал Мадрид има освоено 18 пехари во купот, а има и 19 порази во финалето, додека Атлетико има освоено 9 пехари, од кои 8 на стадионот на „лутиот ривал“.

Најуспешна екипа во шпанскиот куп е Барселона со 26 трофеи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска