Педро: Ништо без Меси

Од:

Стрелецот на голот вреден полуфинале во Лигата на шампионите за Барселона, Педро Родригез ја истакна важноста на Меси во играта на каталонскиот клуб.

– Ништо без нашиот најдобар играч. Со неговото влегување во игра на теренот бевме други. Тој беше иницијатор на многу акции, а одигра и главна улога при постигнувањето на мојот гол за што му сум благодарен. Очекувам Меси да биде целосно подготвен за полуфиналните пресметки, изјави Педро.

Барселона во реваншот против ПСЖ губеше и беше пред елиминација, но по влегувањето во игра на Меси изедначи и со 1:1 избори полуфинале, благодарение на „ефикасното“ реми во Париз каде беше 2:2.

Синоќа на „Камп Ноу“ Хавиер Пасторе го доведе ПСЖ во водство во 50.минута, а Педро изедначи во 71.минута, девет минути по влегувањето на Лионел Меси.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска