Педро: Не сакам да ја напуштам Барселона, но ситуацијата е компликувана

Од:

Барселона стигна до нов трофеј откако синоќа во Тбилиси со голот на Педро во 115.минута ја совлада Севиља во рамките на Супер купот на УЕФА.

Но, и покрај победничкиот гол, стрелецот не беше премногу расположен, бидејќи се наоѓа пред заминување од клубот.

– Секогаш ќе бидам навивач на Барселона, што и да се случи. Не е лесно кога има најави дека си заминувам. Искрено по болеста на Нејмар, бев бесен кога дознав дека ќе бидам на клупата. Не сакам да ја напуштам Барселона, но ситуацијата е компликувана. Парите не се во прашање, сакам да играм, почесто да бидам на терен. Тренерот Луис Енрике игра со други играчи, а јас долго чекам, изјави Педро за својот статус во клубот.

Според најавите пред одигрувањето на Супер купот на УЕФА во Тбилиси, Педро би требало да си замине од Барселона и тоа во Премиер лигата, а како најсериозни екипи се споменуваат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска