Новата година Депортиво Ла Коруња ќе ја почне со нов тренер, откако управата на шпанскиот фудбалски клуб го отпушти Хозе Олтра и го назначи Португалецот, Домингош Пасиенса за шеф на стручниот штаб.
43-годишниот португалски стручњак во досегашната тренерска кариера ги предводел екипите на Леирија, Академика, Брага и Спортинг Лисабон. Токму од Спортинг Паисиенса доби отказ во февруари оваа година.
Причина за отказот на Олтра се слабите резултати кои Депортиво Ла Коруња ја „сместија“ на последното 20.место во Примера Дивизија со скор од девет порази, шест нерешени и само две победи.