Кошаркарите на Партизан направија изненадување со победата над шампионот во АБА лигата Црвена звезда во последниот натпревар од 21.коло од АБА лигата што се одигра синоќа во салата „Пионир“.
Партизан предводен од поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ го победи вечниот ривал со 86:81 (23:21, 21:27, 23:18, 19:15).
По овој триумф „црно-белите“ се пробија на седмото место на табелата.
Кевин Џонс кај Партизан со 17 поени беше најефикасен, додека Александар Цветковиќ постигна 16, а Едо Муриќ 15 како и решавачките поени за победа.
Во редовите на Црвена звезда и на натпреварот најпрецизен беше Маик Цирбес со 26 поени.
Резултати на другите дуели од 21.коло:
Металац – Будуќност 61:67,
МЗТ Скопје Аеродром – Крка 69:67,
Олимпија – Задар 84:76,
Игокеа – Цибона 68:57,
Сутјеска – Мега 68:73 и
Цедевита – Тајфун 94:61.
Табела: Будуќност 19-2 (победи-порази), Цедевита 16-5, Црвена Звезда 15-6, Мега 14-7, МЗТ Скопје Аеродром 9-12, Игокеа 9-12, Партизан 9-12, Цибона 9-12, Задар 9-12, Олимпија 8-13, Крка 8-13, Металац 8-13, Сутјеска 7-14, Тајфун 7-14.