Екипите на Партизан и на Цедевита ќе одиграат уште еден натпревар во полуфиналето од регионалната кошаркарска АБА лига, откако синоќа во Белград „црно-белите“ победија со 74:73 и изедначија на 1-1 во победи.
Партизан по почетните минути го презема водството и ја имаше контролата на резултатот до самиот финиш кога следуваше драматична завршница. Партизан имаше плус пет во последната минута, Цедевита успеа да поведе на седум секунди пред крајот со тројката на Боутрајт на 73:72, а Вил Хечер во последниот напад погоди шут за победа на Партизан и голема радост на седум илјадната публика во „Пионир“.
Мајсторката ќе се игра следниот викенд во Загреб.