Парондо по поразот од Нексе: Цар беше несовладлив во второто полувреме

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот пораз од Нексе во СЕХА лигата, изјави дека тимот одиграл добро и тој е помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите.

Шпанецот посебно ја истакна улогата на голманот на домаќините, Морено Цар, кој во второто полувреме беше несовладлив, а на крајот заврши со 16 одбранети удари.

– Честитки за Нексе за победата. Одиграа одличен меч, посебно во вториот дел. Честитки и за голманот Цар, кој не можевме да го совладаме во второто полувреме. Ние одигравме добар меч, јас сум, помалку или повеќе, среќен со презентацијата на играчите. За нас најважно е да ја завршиме оваа групна фаза од СЕХА лигата, имаме уште еден меч во вторник и потоа Ф4 во регионалната лига и осминафинале во ЛШ. Благодарам до играчите кои одиграа многу натпревари во последниве денови, тие играат добро и работат многу, изјави Парондо по мечот.

Вардар во последното коло од СЕХА-лигата ќе гостува кај Извиѓач во БиХ утре од 17, 15 часот.

Македонскиот тим веќе обезбеди учество на „Ф4“ турнирот во регионалната лига, каде се уште ППД Загреб, Мешков Брест и Нексе.

Паровите ќе се утврдат по последното коло.

Би можело да ве интересира

Брестовац по поразот од Татран: Не сум задоволен ниту од нападот, ниту од одбрана

Металург поразен со 10 разлика од Татран во СЕХА лигата

Вардар против Мешков во последниот дуел пред домашна публика во СЕХА Лигата

Сандра Бошковска

Металург го претстави Чориќ

СЕХА-лига: Металург немоќен против Загреб

Вардар продолжува со битките во СЕХА лигата

Наум Локоски