Пандев: Се надевам дека ќе имаме голема навивачка поддршка на Европското првенство

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го нарече пласманот на Европското првенство „круна“ на неговата кариера и најави дека „црвено-жолтите“ со поддршка од трибините можат да ги изненадат фаворитите во групата.

-Првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера. Ми годат сите пофалби, пред сè бидејќи нашата репрезентација заврши голема работа, изјави Пандев во денешното интервју за „Mozzartsport“.

Македонскиот капитен оцени дека „црвено-жолтите“ ќе ја имаат улогата на аутсајдер на Европското првенство, но оти најважно е играчите да бидат здрави и публиката да се врати на стадионите.

– Пред сè, се надевам дека пандемијата (на коронавирусот) ќе заврши, дека публика ќе се врати и тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но немаме што да изгубиме. Првите два натпревари, со Австрија и Украина, за нас ќе бидат најважни, оцени Пандев.

Првите два меча на Европското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули следната година, македонската фудбалска репрезентација треба да ги игра во Букурешт, а мечот од третото коло против Холандија во Амстердам

Би можело да ве интересира

Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

А1он

Пандев: Ова ми е последна сезона, во јуни во пензија

Катерина Ѓуровски

Шевченко е нов тренер на Пандев во Џенова

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Пандев ќе одигра уште една сезона за Џенова

А1он

Ангеловски и Пандев на прием во Агенцијата за млади и спорт

Ана Ололовска