Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, повеќе не е меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот. Ѓорческа, која на турнирот во Кјасо, Швјацарија, во сингл конкуренција беше елиминирана во четврт-финалето, на најновата ВТА листа забележа пад од две позиции, па сега Ѓорческа се наоѓа на 202-то место.
Во дубл, Ѓорческа го задржа претходниот пласман, односно се наоѓа на 136-то место иако изминатиот викенд заедно со Бугарката, Најденова го освои турнирот во Кјасо во конкуренција на двојки.
Што се однесува до самиот врв на ВТА листата, сега лидер е Американката, Серена Вилијамс која иако немаше настап, а нема и да го има наскоро поради бременост, се врати на 1.место на листата.
Меѓу првите пет уште се: Германката Анжелик Кербер, Чехињата Каролина Плишкова, Доминика Цибулкова од Словачка и Романката Симона Халеп.