Ѓорческа без загубен гем се избори за четвртфиналето

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Рим (награден фонд 25.000 долари) откако денеска во второто коло без загубен гем ја совлада Романката Габриела Дука со 2-0 во сетови (6:0 и 6:0). Ѓорческа на турнирот е рангирана како втора носителка и ја потврди улогата на фаворитка во овој меч.

Таа во четвртфиналето ќе игра против Даниел Сегуел од Чиле (шеста носителка), која денеска ја победи Екатерине Горгодзе (Грузија) со 2-1 во сетови (6:7 (6:8); 7:6 (7:4) и 6:0).

Ѓорческа на овој турнир настапува само во поединечна конкуренција.

Би можело да ве интересира

Ѓорческа напредуваше едно место на ВТА листата

Наум Локоски

Ѓорческа ја мина првата пречка на фјучрсот во Франција

Наум Локоски

Ѓорческа против првиот носител во квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа елиминирана во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос

Наум Локоски

Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Рим

Наум Локоски

Ѓорческа со нов најдобар ранкинг на ВТА листата

Наум Локоски