Во дербито на вечерта во Лигата на шампионите во рамките на групата Д Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа 2:2.
„Кралевите“ вечерва одиграа под своите можности, па едвај стигнаа до реми на мечот со Борусија Дортмунд. Гостите два пати доаѓаа во водство преку Ројс и Арбела си постигна авто гол, но тимот на Жозе Мурињо се спаси благодарение на погодокот на Озил во 89. минута , а претходно прецизен беше и Пепе.
Во истата група Манчестер Сити се наоѓа на работ на елиминација од Лигата на шампионите откако англискиот првак и во својот четврти натпревар не успеа да стигне до првата победа во рамките од групата Д.
„Граѓаните“ одиграа 2:2 во контроверзен натпревар против Ајакс. Холанѓаните одлично го почнаа мечот и рано стигнаа до предност од 0:2 со двата гола на Де Јонг по заспаноста на дефанзивците на „Граѓаните“. Сепак, Јаја Туре постигна погодок за да ја ублажи негативата во првиот дел, пред Агуеро да го постигне израмнувачкиот погодок.
Милан одигра само 1:1 против Малага на домашен терен, Елисеу и Пато беа стрелци.
Арсенал прокоцка предност од 0:2 во Гелзенкирхен, овозможувајќи им на домаќините да се вратат во мечот и со погодоците на Хунтелар и Фарфан да освојат бод со кој што Шалке се задржа на првото место на табелата.
ПСЖ ја продлабочи европската мизерија на Динамо Загреб декласирајќи го хрватскиот шампион со 4:0. Златан Ибрахимовиќ имаше четири асистенции на овој меч, а головите за „светците“ беа дело на Алекс, Матуиди, Менез и Ора.
Олимпијакос славеше со 3:1 над Монпеље, Андерлехт го совлада Зенит со минимални 1:0, а Динамо Киев и Порто Одиграа без голови.