Точно на пладне по средноевропско време денеска започна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова се трети ЗОИ во Јужна Кореја, а ќе траат од 9 до 25 февруари.
Пјонгчанг ќе биде домаќин на вкупно 102 настани во петнаесет различни спортови, односно на 2.952 спортисти од 92 различни земји.
На Олимписките игри ќе учествуваат и спортисти од Северна Кореја и покрај влошените односи меѓу двете земји. Тие настапуваат под заедничко име Кореја и со заедничко знаме.
Македонското знаме на отворањето го носеше Ставре Јада.