Отворен ден за дружење со младите фудбалски репрезентативци

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) в недела на 19 март од 14 до 15 часот, организира отворен ден за дружење со У21 македонската фудбалска репрезентација на терените во „Куќата на фудбалот“.

– Сите љубители на фудбалот, оние кои искрено го сакаат, и кои имаа желба да се запознаат со младите херои кои ја однесоа Македонија на европското првенство во Полска, се добро дојдени на терените во ФФМ. Тие ќе можат да се запознаат, да се фотографираат со фудбалерите, да разменат по некоја фудбалска „финта“ и секако да ја почувствуваат позитивната енергија која ја имаат овие наши млади фудбалери, а веќе големи професионалци и изградени личности. Децата ќе можат да се дружат со своите идоли, а сите други да им оддадат признание за најголемиот успех на македонскиот фудбал во неговата историја, и да им посакаат успех и во Полска, соопштуваат од ФФМ.

Селекторот Благоја Милевски повика што поголем број љубители на фудбалот на ова дружење.

– Овие млади момци покажаа карактер, истрајност и ги заслужуваат сите почести. Она што го направија никогаш нема да биде заборавено. Но еуфоријата и признанијата ветуваме дека ќе бидат дополнителен мотив, и дека нема да престанеме и понатаму напорно да работиме. И во Полска ќе одиме на победи, и се надеваме дека повторно ќе ги стоплиме срцата на сите луѓе во оваа наша убава земја, изјави Милевски и апелира што поголем број на граѓани да дојдат во недела, и да ја почувствуваме енергијата на сплотеност и заедништво, истакнува Милевски.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска