Осум странци го напуштија Краснодар

Од:

Фудбалскиот клуб Краснодар се соочува со масовен егзодус на интернационалците по руската инвазија врз Украина.

Клубот веќе го напушти германскиот тренер Даниел Фарке, а на осум фудбалери Краснодар им дозволил да ги раскинат договорите и да ја напуштат Русија.

Еден од тие осуммина, Реми Кабела, веќе се вратил во Франција. Тој тренира со Монпелје.

На листата се и Гжегож Криховијак, репрезентативец на Полска, потоа Џон Кордоба, Ерик Ботхејм, Кристијан Рамирез, Каио, Вандеросн, Виктор Клаесон и Жуниор Алонсо.

Од странците во Красондар ќе останат само Ерменецот Едуард Спертсјан и Белорусинот Александар Матинович.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски