Осум планинари од „Орле” Кавадарци се качија на Триглав

Од:

Осум планинари од спортско-планинарското друштво „Орле” од Кавадарци се искачија на врот Триглав na планинскиот масив Јулиски Алпи во Словенија,  висок 2.864 метри надморска височина, информираше денеска претседателот на друштвото Никола Минчоров.

– Ова е уште еден успех на друштвото кое постои од 1961 година. До крајот на годината но и во иднина планираме уште неколку интересни акции со искачување планински врвови во земјава и странство, рече Минчоров.

Во искачувањето учествуваа планинарите: Александар Чадамов, Даница Стојановска, Александар и Никола Илиеви, Милан Колев, Панче Тотов, Влатко Димитров и Александар Атанасов.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ