Осминафинални натпревари во Лигата на шампионите

Од:

Со два натпревара од осминафиналната фаза вечерва продолжува најквалитетното клупско фудбалско првенство, Лигата на шампионите.

На „Местаља“ во Валенсија, истоимената шпанска екипа ќе го пречека францускиот претставник ПСЖ.

Во вториот вечерашен дуел, на „Глазгов Парк“ во Глазгов играат Селтик (Шкотска) – Јувентус (Италија).

Почетокот на натпреварите е во 20 часот и 45 минути.

Утревечер во истиот термин се играат уште две средби од оваа фаза. Двојките се Шахтјор – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.

Преостанатите четири осминафинални натпревари ќе се одиграат на 19 и 20 февруари: Арсенал – Баерн Минхен, Порто – Малага, Галатасарај – Шалке и Милан – Барселона.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска