Со два натпревара од осминафиналната фаза вечерва продолжува најквалитетното клупско фудбалско првенство, Лигата на шампионите.
На „Местаља“ во Валенсија, истоимената шпанска екипа ќе го пречека францускиот претставник ПСЖ.
Во вториот вечерашен дуел, на „Глазгов Парк“ во Глазгов играат Селтик (Шкотска) – Јувентус (Италија).
Почетокот на натпреварите е во 20 часот и 45 минути.
Утревечер во истиот термин се играат уште две средби од оваа фаза. Двојките се Шахтјор – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.
Преостанатите четири осминафинални натпревари ќе се одиграат на 19 и 20 февруари: Арсенал – Баерн Минхен, Порто – Малага, Галатасарај – Шалке и Милан – Барселона.