Виктор Осимен го постигна својот прв гол по страшната повреда на лицето, за да ги предводи Наполи до тешка 0:2 победа на гости кај Венеција и три поени, кои ги враќаат на само еден поен од првопласираниот Интер по вчерашното дерби на Милано.
Осимен во 59. минута од мечот беше највисок во скокот по убавата асистенција на Политано за да го постигне единствениот гол на мечот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во последните десетина минути игра токму како замена за Политано, пред во 100. минута од мечот, да бидат потврдени поените за гостите со голот на Андреа Петања.
Сампдорија пак, ја прекина серијата од четири порази во низа откако со 4:0 го изненади Сасуоло, откако постигнаа два гола во првите 7 минути игра. Болоња и Емполи, пак, одиграа разочарувачко реми без голови.
СЕРИЈА А, 24.КОЛО
Венеција – Наполи 0:2
Болоња – Емполи 0:0
Сампдорија – Сасуоло 4:0