Лидерот на табелата во АБА лигата, тимот на Будуќност триумфираше убедливо со 20 поени разлика на свој терен против Тајфун во последниот од трите саботни дуели од 18.коло. За подгоричани ова беше деветта победа во низа.
Претходно, во словенечката пресметка, Олимпија на гостински терен ја совлада Крка, додека Мега Лекс ја оправда фаворитската улога на натпреварот со Задар.
Постигнати резултати:
Мега Лекс – Задар 87:61,
Крка – Олимпија 55:59 и
Будуќност – Тајфун 81:61.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска од 17 часот гостува во Лакташи кај Игокеа.
Двојките за другите дуели од оваа рунда се:
Цибона – Металац,
Црвена звезда – Цедевита и
Сутјеска – Партизан.
Табела: Будуќност 34 бода, Цедевита 31, Црвена звезда 30, Мега 30, Крка 26, Олимпија 25, Тајфун 25, Задар 25, МЗТ Скопје Аеродром 24, Цибона 24, Металац 24, Игокеа 23, Партизан 23, Сутјеска 22.