Актуелниот шампион Црвена Звезда славеше очекувана победа над Крка со 77-67 со која се врати на втората позиција на табелата, пред Цедевита против која ќе игра во полуфиналето.
На останатите натпревари одиграни попладнево: Мега – Металац 77-64, Тајфун – Игокеа 76-81 и Задар – Сутјеска 85-83.
Во првиот меч од оваа последна рунда кој беше одигран вчеравечер во Загреб, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби од Цедевита со 89-64.
Групната фаза во АБА лигата ќе биде заокружена вечерва со средбата во Подгорица, каде првопласираната екипа на Будуќност ја пречекува загрепска Цибона.
Екипите на Сутјеска и Тајфун како две последно пласирани следната сезона нема да играат во АБА лигата.
Пред неколку кога веќе беа познати и полуфиналните парови, па покрај дуелот Црвена Звезда – Цедевита за место во финалето ќе се борат Будуќност и Мега Лекс.