Фудбалерот на Лестер Марк Олбрајтон е убеден дека неговата екипа по елиминацијата на Севиља, има сили да направи уште еден подвиг во Лигата на шампионите.
– Не се плашиме од никој. Било која екипа да ни падне во четвртфиналето ќе се соочи со нашата упорност и решителност да направиме уште еден чекор во елитното натпреварување, истакна Олбрајтон.
Лестер е единствениот англиски претставник меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Можни ривали во четвртфиналето му се европските великани Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен.
– Прво да ја почекаме ждрепката и да видиме со кого ќе играме, па потоа ќе правиме стратегија како да го победиме противникот, истакнува стрелецот на вториот гол на дуелот со Севиља.