ОК Вардар: Финансискиот извештај на ОФМ е скандалозен

Од:

Клубот Вардар денес излезе со реакција во која ја обвини Одбојкарската федерација на Македонија за поднесување, како што велат, скандалозен финансиски извештај со голем број грешки.

Во продолжение во целост го објавуваме соопштението на ОК Вардар:

– Би сакале да ја инфоримираме Македонската јавност, а особено Одбојкарските љубители за дел од случувањата на саботното собрание на одбојкарската федерација, посебно за финансискиот извештај кој ни беше доставен неполни 10 часа пред одржување на собранието, со што беа прекршени и одредбите од статутот за свикување на собранието односно прекршен е член 21 согласно кој сите материјали за собранието МОРА да се достават заедно со поканата минимум 8 дена пред одржувањето на собранието, со што се доведува во прашање и легалноста на собранието.

Преку доцна доставениот извештај и ќе можевме да поминеме, доколку беше соодветно изготвен и со точни бројки, но документот од една страна е целосно неточен и со огромен број на грешки. НЕДОЗВОЛИВО за федерација која има буџет од повеќе од 32.000.000 денари.

Кога клубовите ги забележаа недоследностите во финансискиот извештај, едногласно се одлучи истиот да се повлече и да се преработи, а дополнително да се направи и ревизија од реномирана ревизоркса куќа. Причините поради кои не им помина финансискиот извештај на собранието се следни:

Финансискиот извештај даден на членовите на собранието во делот на приходи се разликува за безмалку 1 милион денари со извештајот даден при завршна сметка во Централен регистар.

Никаде не е наведено по кои основи прима пари федерацијата.

Не е наведено дали федерацијата има девизни приливи, а мора да има бидејќи средствата добиени од ЦЕВ се исплаќаат на девизна сметка, како и сите средства од сертификатите за македнските играчи кои играат во страство.

Не е наведено на кои правни субјекти се исплаќаат средствата, за кои лица е исплатено плата и кои клубови добиле поддршка?

Нема информација кога и кој ги одобрил трошоците на федерацијата и кога е усвоен буџетот.

Кој клуб платил котизација и колку се долговите на клубовите?

Да напоменеме дека ОК Вардар беше казнет и суспендиран за натпревари за наводен долг спрема федерацијата и моравме за еден ден да исплатиме 600.000 мкд за да не биде суспендираме од првенството, а на казната немаше право на жалба.

Искрено се надеваме дека сите овие недоречености во извештајот се случајни грешки и дека доцното доставување на извештајот до клубовите е поради немање време да се подготви порано, а дека ревизијата ќе докаже дека се работело согласно закон, но за ова мора да ја известиме јавноста бидејќи преголем е бројот на “случајни грешки” кои се случија на собранието, стои во реакцијата на „црвено-црните“.

ОК Вардар до медиумите го доставувам финансискиот извештај од Одбојкарска федерација и финансискиот извештај од Централен регистар.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Познати противниците на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022

Ана Ололовска

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Ана Ололовска