Огромна фешта на македонските и хрватските фанови за нашиот шампион

Од:

Македонскиот автомобилистички ас Игор Стефановски го освои второто место во групата N на последната трка од Европското првенство на ридски патеки што викендов се возеше во Бузет, Хрватска. Со тоа популарниот Иџе стави точка на најуспешната сезона како за него така и за историјата на македонскиот автомобилизам освојувајќи ја шампионската титула во Категоријата 1 со вкупно освоени 236 бода. Во конечниот пласман второто и третото место го освоија Чесите Јаромир Мали со 187,5 бода и Јири Лос со 169 бода.

Стефановски со неговиот Mitsubishi Lancer Evo IX ја осигура шампионската титула во категоријата на туристички автомобили на две трки пред крајот на шампионатот, а неговиот конечен скор се импресивните 8 победи во 12 трки во неговата група N.

Во текот на целиот викенд, Иџе во Бузет беше третиран како вистинска ѕвезда како од организаторите, така и од тамошните медиуми. Целата фешта ја надополнија и стотината македонски навивачи кои допатуваа да ја прослават титулата заедно со Стефановски. Тие одлично се вклопија во и онака бучните домашни навивачи кои традиционално прават неверојатна атмосфера во Бузет и сите заедно го поздравија и прославија заедно со новиот европски шампион.

На трката, во групата N, минатогодишниот европски шампион во оваа категорија, Томислам Мухвиќ остана непобедлив на домашен терен. Во првото возење постигна одлично време од 2:42.245, две секунди подобро од Стефановски кој извозе 2:44.241. Сакајќи да ја прослави титулата со

пласман, Иџе реши да не ризикува во второто возење, па се спушти само со 2:43.940, а Мухвиќ го потврди првото место со 2:43.319.

– Убаво ќе беше да ја завршиме сезоната со победа на последната трка, но некако резултатот падна во втор план затоа што сепак, решив да не ризикувам премногу за да ја завршам трката во пласман за да го прославиме успехот заедно со сите мои навивачи, пријатели и поддржувачи кои допатуваа овде во Бузет. Благодарение на нив целата атмосфера беше феноменална и ова беше викенд за паметење како крај на еден голем сон кој стана реалност. Им благодарам на сите – возбудено изјави Иџе од Бузет.

Инаку на целиот викенд во Бузет настапија рекорден број од 197 натпреварувачи, со постигнатите времиња Иџе беше севкупно 23-ти од сите натпреварувачи. Севкупно, најдобар беше непобедливиот Италијанец Симоне Фаџиоли со прототип Norma M20 кој исто како и Иџе од претходно ја обезбеди европската титула во категоријата 2 каде што се бодуваат болидите и прототиповите победувајќи на 11 од 12-те трки за европскиот шампионат. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна