Никола Јокиќ ќе биде дел од српската репрезентација која летово ќе игра на Олимписките игри во Париз.
Оваа информација ја потврди и Кошаркарската федерација на Србија која го објави списокот на селекторот на Светислав Пешиќ.
Актуелниот вицешампион на светот, машката кошаркарска репрезентација на Србија, ќе ја претставува Србија на Олимписките игри кои во јули и август ќе се одржат во Лил и Париз.
Во пресрет на стартот на подготовките, селекторот на српската репрезентација одреди список од 16 кандидати за српската репрезентација.
Кандидати се: Василије Мициќ, Алексеј Покушевски, Богдан Богдановиќ, Никола Јовиќ, Никола Јокиќ, Владимир Лучиќ, Марко Гудуриќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Филип Петрушев, Никола Милутинов, Душан Ристиќ, Алекса, Дејвидгншрова Јамазровиќ Плавшиќ.
Почетокот на собирот на репрезентацијата е на 24 јуни, додека неколку дена порано ќе почнат факултативните тренинзи.
Првите проверки зад затворени врати се на 5 и 7 јули против Холандија и Турција.
Српската репрезентација првиот официјален пријателски натпревар ќе го одигра на 12 јули против Франција во Лион.
Следува патувањето за Абу Даби, каде српската селекција ќе се сретне со Австралија на 16 јули и со тимот на САД еден ден подоцна.
Потоа следува враќањето во Србија и дуелот со Јапонија на 21 јули во белградска Арена.
Патот за Лил, српскиот тим го започнува на 24 јули.